Loading...

Овој производ е богата мешавина на морска сол, зеленчук и на зачини, во која зеленчукот и зачините се застапени дури со 30 %. Вкупно има 14 состојки, од кои 10 се зачини (мајчина душичка, босилек, жалфија, чубрица, оригано, рузмарин, лук, куркума, тимјан и црн пипер), а 3 се зеленчук (морков, пашканат и кромид) и сите се од природно потекло. Во насока на создавање здрав производ, ги изоставивме адитивите, меѓу кои и појачувачите на вкусови, боите и аромите, а, исто такa, производот не содржи ниту еден од вообичаените алергени, ниту, пак, шеќер.