Сол
за прстофат повкусно!

Солта е основен производ во секое домаќинство и воедно е незаменлива. Иако, навидум, производот е едноставен, постојат неколку факти на кои сакаме да ви обрнеме внимание, сѐ со цел да ве запознаеме:
зошто треба да користите јодирана сол;
на што треба да внимавате при нејзиното купување;
како треба да ја чувате и да ја користите во домаќинството.
Јодот придонесува за нормална функција на нервниот систем, за нормална когнитивна функција, за нормален енергетски метаболизам, за одржување здрава кожа, за нормална функција на тироидната жлезда и за производство на тироидните хормони и најважно е што придонесува за раст и развој на децата. За таа цел, кај нас е донесена законска регулатива според која прехранбената сол мора да биде јодирана со калиум јодат (20 – 30 mg јод на 1 kg сол). Содржината на јод во солта се намалува со текот на времето. Високата влажност, високата температура и директната сончева светлина ја забрзуваат загубата на јод во солта. Овие влијанија може да се елиминираат со соодветно пакување и чување на солта (непорозна амбалажа, собна температура и заштита од светлина), како што е и обезбедено во нашиот производ. При купувањето сол треба да внимавате пакувањето да е добро затворено и со јасно обележан датум на употреба. Понатаму чувајте ја солта во добро затворени садови, заштитена од влијанието на влагата, топлината и на светлината и најдобро е да ја додадете кон крајот на готвењето. Варената сол се добива од подземни, солени карпи. Поради непристапноста, низ посебни отвори се вбризгува вода во делот на карпата за да се раствори солта и да се извлече растворот, а потоа солта се одвојува преку испарување.