Loading...

Добропознат зеленчук во секое домаќинство. Добиен е од ризомот на растението Alium sativum, кое има изразено остар мирис и вкус. Силниот мирис што се ослободува при приготвувањето на свежиот лук може да се избегне со користење лук во прав.  
Лукот е широко применет зачин во солени јадења и го подобрува вкусот на печивата со полнење и на храната во која е застапен доматот или модриот патлиџан, а се комбинира со тиквички и речиси со сите зеленчуци и со разни видови месо, како на пример пилешко, мисиркино, со риба и др. Поради широката примена тој може да се комбинира и со многу други зачини во солени јадења.