Dezintal 0,2%
Да сме на чисто!

DEZINTAL® 0,2 % е извонредно катјонско средство за дезинфекција, кое успешно ги уништува грам-позитивните и грам-негативните бактерии, алгите и габите, како и одредени групи дерматофити и одредени типови вируси, вклучувајќи ги Influenza virus, SARS и др. Станува збор за високо квалитетен детергент, кој одлично чисти, пере и ги отстранува наслагите од органско и од неорганско потекло, го неутрализира статичкиот електрицитет и го отстранува непријатниот мирис.
DEZINTAL® 0,2 % не нагризува и не оштетува стакло, порцелан, емајл, пластика, дрво, кожа, обоени предмети, текстил, гума, предмети од хром, никел итн. Се употребува за дезинфекција и за дезодорирање на рацете, приборот за јадење, сите видови садови, на кујнските апарати, ладилниците, помошните простории, на санитарните простории, ѕидовите, на подовите и др, кои по извршеното чистење или дезинфекција се пребришуваат, се мијат или се испираат со вода. Дезинфекцијата се врши без разредување, со пребришување, миење, испирање, потопување или со распрскување.
DEZINTAL® 0,2 % не ја загадува човековата околина и целосно е биолошки разградлив.