Gloss универзално средство за чистење со мирис на цветна градина
За чисти површини

Универзалното средство за чистење е наменето за одржување хигиена на сите видови површини во домаќинството. Ефикасно и брзо решение за отстранување на нечистотиите и на правот во вашиот дом. Благодарение на вградените адитиви, по чистењето површините се блескаво чисти, сјајни и без траги. Не ја оштетува и не ја гребе површината што се чисти. Бргу се суши и не остава лепливи траги. Достапен е во две различни цветни мирисни ноти. Остава пријатен цветен мирис, кој долго трае. Универзален производ за секојдневно одржување хигиена на површини, како на пример подови, плочки, мебел и др. Може да се употребува разреден или во концентриран облик, во зависност од нечистотијата. Со својата мултифункционалност, благодарение на тоа што заменува многу производи со слична намена на пазарот, тој истовремено заштедува и пари и време.