Морска Сол
за прстофат повкусно!

Вообичаено, морската сол се добива со испарување на солената морска вода, која е акумулирана во базени, со помош на сонцето. Морската вода прво минува низ базени со помала концентрација на сол, па потоа низ базени со поголема концентрација на сол и потоа се кристализира. Пред пакување за финален прехранбен производ, таа се прочистува и се јодира.
Јодирањето е според барањата на законската регулатива на Македонија, односно 20 до 30 mg јод во 1 kg сол. За разлика од варената сол, морската поминува низ помало процесирање, не содржи адитиви, а и при готвење може да се консумира помалку натриум. Односно морската сол е покрупна од варената и доколу се дозира волуменски во храната, реално се консумира помала количина натриум бидејќи една лажичка варена сол тежи повеќе од исто толку полна лажичка морска сол. Освен натриум, во морската сол во помали количини се наоѓаат и други минерали, како магнезиум, калциум, калиум, железо и хром.
Но, најважен, сепак, е јодот кој се додадва за да се спречи појавата на гушавост. Јодот придонесува за нормална функција на нервниот систем, нормална когнитивна функција, нормален енергетски метаболизам, за нормална функција на тироидната жлезда и за продукција на тироидните хормони и најважно е што придонесува за развојот на децата.