Loading...

Лимонтусот или лимонската киселина е адитив кој често се користи во домаќинствата, особено за подготовка на зимница. Има својства да го забрзува процесот на желирање при подготовка на џемови и да ја задржува бојата на овошјето. Лимонтусот се користи за корекција на вкусот, одосно дава киселкаст, свеж вкус кога се користи умерено. Поради високата киселост (ниска pH-вредност) лимонтусот дејствува и како конзерванс, бидејќи многу бактерии не можат да живеат во кисела средина. Лимонтусот е спакуван во мало, практично пакување и е со проверен и со стандарден квалитет.