Loading...

Конзервансот или натриум бензоатот е адитив кој често се користи во домаќинствата за конзервирање зеленчук и овошје, како и нивни производи. Овој адитив се користи за спречување раст на бактерии, мувла и на квасец, за одржување на свежината на производот и за спречување промена на бојата, вкусот или на текстурата.

Количината во кесичката е доволна за конзервирање 2,5 kg овошје и зеленчук во оцет, масло или во солило, за 10 kg џем или мармалад или за 25 l сок.

Конзервансот е спакуван во практично, мало пакување и е со проверен и со стандарден квалитет.