Gloss политура за мебел
Да сме на чисто

Доколку сакате вашиот мебел постојано да биде чист, негуван и заштитен од секојдневните активности во вашиот дом, редовно користете го новиот производ на Gloss – политура за мебел – и обезбедете му долготрајност и сочуваност. Политурата за мебел Gloss ги чисти и ги негува дрвените површини, оставајќи ги сјајни и со пријатен мирис. Содржи масло од авокадо, кое дополнително го негува, храни и го исполнува дрвото, а и го заштитува од гребнатинки и од триење. Не содржи ниту восоци ниту силиконски масла. Не остава траги по бришењето и не ја задржува водата, а го забавува процесот на таложење прав. Производот е наменет за брзо и за лесно чистење, со едноставно нанесување, кое овозможува чистење и на најтешко достапните места. Пред употреба само протресете, рамномерно распрснете на површината и избришете со мека крпа. Производот е достапен во пакување од 450 ml со пумпа и во резервно пакување за повторно полнење, соодветно за истата пумпа.