Grini Ѓумбир
За прстофат пофкусно!

Претставува корен од растението Zingiber officinale и се користи не само како зачинска билка туку и за подготовка на чај. На јадењата им дава лутникав вкус и карактеристична силна арома поради изобилството на етерични масла во него. Одлично се вклопува во колачи, со тиква, сладок компир, морков, со цвекло, јаболко, круша, со месо на скара, во храна со сладок и со кисел вкус, во супа и др. Може да се комбинира и со други зачини, како на пример босилек, лук, нане, турмерик, лимонова трева и сл.