Medical антибактериски влажни марамчиња
За брза и моќна дезинфекција!

Aнтибактериските влажни марамчиња Medical овозможуваат брзо и ефикасно чистење на рацете, како и уништување на најчестите бактерии што се среќаваат на кожата, без употреба на сапун и вода. Марамчињата содржат хидратантна емулзија, во која се вградени глицерин, витамин Е и компоненти со антибактериско дејство. Не содржат алкохол. Производот е со потврдено микробиолошко дејство.
Упатство за употреба: Избришете ги валканите раце со марамчето. Кога марамчето ќе стане валкано или суво, веќе не е за употреба, па фрлете го во кантата за отпадоци.