Grini Цимет
За прстофат пофкусно!

Претставува кора од дрво, која со ситнење до форма на прашок ги задржува силните ароматични својства, па додадена на различни видови јадења, го збогатува нивниот мирис, оставајќи ги воодушевени оние кои ги вкусуваат. Дава одличен вкус со суво и со свежо овошје (јаболко, кајсија, банана, круша, капина, бадем и др); во десерти, како на пример торти и палачинки и во десерти од овес и од ориз; во топли и слатки напитоци; во јагнешко и во пилешко месо и др.
За подобар вкус се препорачува да се додаде на почетокот при готвењето на храната. Може да се комбинира со други зачини, како на пример каранфилче, мускатно оревче, ѓумбир, турмерик, кимион и коријандер.