Loading...

Винобранот или калиум метабисулфитот е адитив кој често се користи во домаќинствата при подготовка на вино, но и за конзервирање разни видови зеленчук и овошје. Тој дејствува како конзерванс, антиоксиданс и како агенс за белеење, преку ослободување сулфур диоксид при растворање во вода. Поради тоа се додава при производство на вино. Ослободениот сулфур диоксид дејствува против микроорганизмите (пред сѐ против квасецот и против бактериите) и обезбедува безбедно и квалитено вино и задржување на неговиот вкус и мирис. При конзервирањето на зеленчукот и на овошјето обезбедува стабилен вкус и мирис и задржување на бојата.

Количината во кесичката е доволна за конзервирање 50 kg овошје и зеленчук во оцет, масло или во солило, 100 kg џем, желе или мармалад или 100 l сок.

Винобранот е спакуван во мало, практично пакување и е со проверен и со стандарден квалитет.