Loading...

Оригано плус претставува мешавина од оригано (или риган) и чубрица, соодветно измешани за употреба при подготовка на пица, но и на многу други јадења. Изобилството на етерски масла во двете билки дава карактеристичен мирис, силен и препознатлив. Запознајте ја тајната на добрата пица и користете Оригано плус кога ја приготвувате! Сите ќе ја забележат разликата! Овој зачин е одличен и во комбинација со јадења во кои има црвени пиперки, карфиол, зелка, домат, модар патлиџан и тиквички, но и со пилешко, со јагнешко месо, како и со риба. Може да се комбинира и со лук, тимјан и со жалфија.