Gloss средство за чистење ламинат и паркет
Да сме на чисто

Средство кое се грижи за хигиената и за негата на дрвените подови. Производ кој ги чисти и кој им ја дава потребната нега на сите видови ламинати и паркети. Лесно ги отстранува правот и нечистотијата, кои со текот на времето може да ја оштетат декоративната површина. Чисти без да остави траги и им го враќа сјајот на вашите подови. Остава свеж и пријатен мирис, кој може да ја освежи целата околина. Бргу се суши и обезбедува долготрајна заштита од влага и од нечистотија на чувствителните подови. Mоже да се употребува разреден, но и концентриран, за полесно отстранување на закоравените дамки и нечистотии.