Зачинал кесички
за прстофат повкусно!

Готвењето е уметност, а сите кои уживаат во него, особено внимание обрнуваат на додатоците на јадењата кои ги користат при создавањето уметнички дела. За секој готвач, од незаменлива вредност е добриот додаток на јадењата.
Зачинал е креиран според побарувањата на најпребирливите готвачи, а со цел да ги исполни и им даде вредност на зготвените јадења. Составен е од сушени зеленчуци како морков, пашканат, кромид, целер, магдонос, билки кои изобилуваат со етерски масла и го збогатуваат мирисот на јадењата, и од готварска сол, јодирана според постојните законски регулативи во земјава. Сите состојки, присутни во Зачинал, се со висок квалитет кој е строго контролиран, па затоа производот е со стандарден квалитет.
Соодносот во кој се измешани сите компоненти во Зачинал е наша тајна, но со задоволство ве покануваме да ја поделите со нас и да се уверите во нејзината оригиналност.
Достапен е во пакувања:
кеси: 100G, 250G, 500G, 5KG, 25KG и
кутии: 420G