Medical полиалкохолен раствор за брза и моќна дезинфекција на рацете
За брза и моќна дезинфекција!

Избалансиран состав од алкохоли со докажан, силен, микробициден ефект, со нанесени 2-3 ml. Дејствува во рок од 30 секунди и не ја оштетува кожата на рацете. Дејствува против бактериски соеви, како што се Staphylococcus aureus, MRSA, Pseudomonas aeruginosa, Еscherichia coli, Enterococcus; фунги, како што се Candida albicans и Aspergillus niger; одредени типови вируси, како што се HBV, HIV, HCV, Rota virus, Influenza virus, Herpes virus, SARS, SV 40 и HAV. Биоцидното средство Medical, полиалкохолен раствор за дезинфекциja, во својот состав има минимум 70 % (v/v) алкохол (комбинација од етанол и 2-пропанол), концентрација која, во согласност со литературните истражувања, е доволна за да се инактивира вирусот SARS-CoV-2 во времетраење од 30 секунди. Соодветен е за хируршка дезинфекција на рацете во медицински установи. Не смее да се употребува за промивање на телесните празнини, слузокожата и очите, како и на оштетената кожа. Ако се случи тоа, веднаш темелно измијте го местото со млаз вода, а во случај на труење, веднаш побарајте лекарска помош. Растворот Medical секогаш чувајте го подалеку од дофатот на децата, а поради испарувањето на алкохолите, при неговото нанесување држете ги рацете подалеку од лицето.