Loading...

Претставува лист од растението Ocimum basilicum и се користи како зачинска билка, како гарнир за повеќе различни јадења, но и за подготовка на чај. Неизоставен дел е од подготовката на речиси сите јадења, како во традиционалната македонска кујна така и во интернационалната кујна.   Дава одличен вкус со домат, црвени пиперки, морков, со брокула, грашок, ориз, со грав, пченка, тиквички, со сирење, риба и со јајца, како и во пилешко и во телешко месо, во сосови и др. Доколку сакате да го комбинирате и со други зачини, најдобро е со лук, оригано, со магднос, рузмарин, тимјан и со нане.