Loading...

Рузмаринот е добропозната медитеранска билка (Rosmarinus officinalis L.), која уште од многу одамна се употребува во кулинарството. Исушените зимзелени, игловидни лисја на оваа билка поседуваат исклучително пријатен и освежувачки мирис и арома. Најчесто се додава во солени јадења и најдобар е во комбинација со грав, грашок, леќа, со црвени пиперки, зелка, јајца, со риба, во јагнешко или во свинско месо, во печени компири, во слатки од сирење и др. Се комбинира и со други зачини, како на пример лук, нане, оригано, магдонос, жалфија, тимјан и лаванда.