Loading...

Хемиското име за сода бикарбона е „натриум хидроген карбонат“ и таа е дел од секое домаќинство поради разновидната примена во домот. Во храната најчесто се користи како средство за нараснување, па затоа е и составен дел од прашокот за печиво, но може да се користи и самостојно, како што е и наведено во доста рецептури за тесто за десерти, за мешавина за кофтиња од месо или од зеленчук и сл.

Се користи како регулатор на киселоста поради своите алкални својста (висока pH-вредност) и ја намалува киселоста на средината.

Во домаќинството се користи и за отстранување на непријатната миризба, за отстранување дамки, за омекнување на водата и др.